Платини признава дека бил договорен исходот од финалето на СП во Франција

Во финалето на Светското првенство во 1998 година во Франција, домаќините се сретнаа со Бразил и сосема неочекувано чесно го совладаа со 3:0, а две децении подоцна Мишел Платини призна дека таквиот исход од почетокот бил наместен.

Поранешниот претседател на УЕФА и француска легенда Мишел Платини изјави дека Светското првенство било наместено за домаќините да не се сретнат со Бразил до самото финале.

Франција пред дваесет години го совлада Бразил 3:0, благодарејќи на головите Зинедин Зидан и Емануел Пети, и првпат станаа светски шампиони и тоа пред својата ублика.

Според Платини, кој беше еден од организаторите на тоа првенство „сонот на сите луѓе“ беше да ги види домаќините како го победуваат сега веќе петкратниот светски првак во финалите. А тој лично се потрудил така и да биде.

„Кога ја организиравме ждрепката, имаше малку маневри, се послуживме со трикови за да не можеме со Бразил да се сретнеме пред финалето. Знаевме дека ако и ние и Бразил завршиме први во групата, нема да можеме да се сретнеме пред финалето. Така и беше“, изјави Платини.

Бразил во групата А ги совладаа Шкотска и Мароко, а изненадувачки изгубија од Норвешка, а Франција ги доби сите три натпревари од групата Ц, против Јужна Африка, Саудиска Арабија и Данска. Двете репрезентации завршија први во групите, така што завршија на различни страни во нокаут фазата.

„Па не се досадувавме шест години со организирање на Светско првенство за да не наместиме малку. Мислите дека другите не го правеле тоа на Светските првенства? Франција – Бразил во финале, па тоа беше сон на сите луѓе“, призна Платини за новите игри со кои се служел во текот на своето владеење со светскиот фудбал.

Платини доби суспензија поради финансиски манипулации во 2015 година. Првата казна беше осум години, а потоа беше намалена на четири.