Платини својата одлука ја донесе по финалниот меч од Голд Купот каде присуствуваше како специјален гостин, а кандитатурата најверојатно ќе ја поднесе в четврток.
Ако може да му се верува на Би-Би-Си, поранешниот француски репрезентативец ја има поддршката на четири од вкупно шест фудбалски конфедерации. Наводно на негова страна се двете Америки, Австралија и Европа, додека Азија и Африка стојат позади Блатер.
Минатата недела, од ФИФА објавија дека изборите за нов претседател ќе се одржат на 26 февруари 2016 година.