Пливањето во ладна вода може да помогне во намалувањето на физичките и психолошките симптоми на менопаузата, како што се топлите бранови, анксиозноста и промените во расположението, покажува истражувањето на 1.114 жени кои редовно пливале во студена вода спроведено од страна на научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL).
Оние жени кои пливале подолги интервали или пливале поредовно, исто така, имаале поголема позла, велат научниците.
Повеќето жени во истражувањето биле на возраст од 45 до 59 години, а пред студијата пријавиле проблеми како што се бранови на топлина, ноќно потење, проблеми со спиењето, раздразливост, анксиозност, промени во расположението, замор и слаба концентрација.
46,9 отсто од нив рекле дека пливањето во ладна вода им помага со анксиозност, петтина пријавиле намалување на ноќното потење, додека 31,1 отсто рекле дека им се намалиле топлите бранови.
Речиси половина (46,7 проценти) рекле дека веруваат оти активноста на пливање ја подобрува нивната анксиозност, заедно со 37,7 проценти кои пријавиле намалување на промените во расположението. Подобрување на сонот забележале 21 отсто од жените, додека раздразливоста била намалена кај 37,6 отсто.
„Ми го спаси животот“, рекла 57-годишна жена која била вклучена во истражувањето. „Во водата можам да направам сè. Сите симптоми, физички и психички, исчезнуваат и се чувствувам како најдобрата верзија од себе“, додала
Професорката Џојс Харпер, од Институтот за женско здравје на UCL EGA, рече дека наодите објавени во Post Reproductive Health ги поддржуваат тврдењата за пливањето во ладна вода.
„Потребни се дополнителни истражувања за фреквенцијата, времетраењето, температурата и изложеноста потребни за да се предизвика намалување на симптомите“, вели Харпер.