Пливачки маратон на Велешко езеро

Во организација на Здружението за спорт и рекреација „Клуб 28“ и Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес, денеска на езерото „Младост“ ќе се одржи четвртиот Велешки пливачки маратон.

Како што информира Роберт Папазов од Организацискиот одбор, и годинава ќе се плива во три категории, на 2,5 на 5 и на 10 километри во олимписка дисциплина во машка и женска конкуренција.

Заради безбедност на пливачите оваа година патеката е потесна и подолга, појасни Папазов.

Според Илија Попов, исто така од Организацискиот одбор, за Маратонот се одбрани врвни судии, а за пливачите ќе се грижат кајакари и спасители од Општинскиот Црвен крст.

За натпреварувачкиот дел на Маратонот се пријавени 30, рекреативниот 40 лица. Најдобрите ќе добијат парични награди.

Стартот е во 10 часот за рекреативците и во 12 часот за професионалците во машка и женска категорија. Во 15 часот организаторите закажаа свечено доделување на наградите.

Манифестацијата е под покровителство на Општина Велес.