Пловдивскиот митрополит Николај, на крајот од литургијата за Денот на обединувањето, остро ги нападна дипломираните во странство, кои по враќањето од студирање во странство според него се однесувале со презир кон народот во Бугарија.
Во знак на несогласување со миторполитот., демонстративно си заминаа кандидатите за пратеници од „Продолжуваме со промената“ на поранешниот премиер Кирил Петков, кој присуствуваше на литургијата а за кој неговите поддржувачи истакнуваат дека е „дипломец“ на Харвард.
Според митроплоитот Николај, оние кои дипломирале во странство се враќаат во Бугарија и излегува дека, покрај знаењето, усвоиле и презир кон татковината, непочитување на родителите, екстремен индивидуализам, материјализам, себичност и згора на тоа, тие се подготвени на сила да го наметнат она што го научиле, со методите на инквизиција.
Дипломирани студенти на престижни универзитети на Запад зборувале за политика но во практиката, според митрополитот на Пловдив, се однесувале како религиозни фанатици, исповедајќи некаква „религија на омраза“.
По овие зборови кандидатите за пратеници на „Продолжуваме со промената“ ја напуштија црквата Света Богородица во Пловдив и во неа остана само Никола Минчев.
Говорот на Николај предизвика бран на огорченост на социјалните мрежи во Бугарија и осуда на ставот на бугарскиот митрополит против оние кои го следеа и го завршија своето високо образование на Запад.