СВР Охрид и полициската станица за Граничен надзор „Охридско езеро“, известуваат дека утре (18 август 2024 година) од 09.30 до 12 часот, во прекин ќе биде пловидбата по каналот „Студенчишта“.
Прекинот е поради предвидените активности на просторот кај Центарот за обука на вода во Охрид, каде што ќе се одржи Централната свеченост по повод 18 август, Денот на Армијата на Република Македонија.
-Поради утрешниот значаен настан, апелираме, граѓаните да ги почитуваат мерките што ќе ги спроведуваат инспекторите за пловидба од Капетанија на пристаништа во Охрид и полициски службеници од СВР Охрид и Езерската полиција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.