![fudbal-brera-vardar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/fudbal-brera-vardar.jpg?resize=696%2C365&ssl=1)
Во дерби натпреварот од 14-то коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Брера во саботата попладнето во Струмица му нанесе пораз на актуелниот шампион Струга од 2:1.
Во преостанатите три натпревара од денешната прволигашка програма, Вардар претрпе пораз на домашен терен од директниот конкурент во борбата за опстанок Воска (1:2), Гостивар ја совлада Брегалница (1:0), а Шкендија ги освои трите бодови во дуелот со Тиквеш (1:0) и бодовно се израмни со лидерот на табелата Шкупи.
Прволигашкото коло ќе биде комплетирано в недела со дуелите меѓу Силекс – Шкупи и Македонија ЃП – Работнички.
Табела: Шкупи 28, Шкендија 28, Струга 27, Силекс 20, Брера 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Работнички 16, Воска 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 14, Вардар 11.