11.8 C
Skopje
сабота, ноември 2, 2024

ПМФЛ: Денес почнува јубилејната 30-та сезона во македонскиот фудбалски шампионат

Денеска со натпреварите од 1.коло стартува 30.сезона во ПМФЛ во самостојна Македонија.

Тетовска Шкендија ќе ја брани титулата освоена во минатата сезона. Го нема веќе Ернест Ѓока на клупата, на наместо него тука е Бруно Акраповиќ кој по пауза од пет години се  врати во Тетово.

Тука е  Шкупи, со Гоце Седлоски на клупата. Се чини дека само Шкупи и Шкендија, според квалитетот и буџетите, ќе се борат за првото место.

Борбата за Европа исто така ќе биде голема. Академија Пандев можеби главен фаворит за тоа место, а од сенка тука ќе бидат Македонија Ѓорче Петров, Работнички и Струга Тим Љум.

Останатите шест екипи се изедначени и се очекува голема борба од нив за опстанок. Тука се Тиквеш, Брегалница, Скопје,Ренова, Пелистер и Борец.

Сезоната во мак-фудбалот стартува в недела со почеток од 17:30 часот, кога ќе се играат сите шест натпревари во кој се среќаваат Брегалница-Шкупи, Македонија ЃП-Пелистер, Работнички-Борец, Ренова-ФК Скопје, Тиквеш-Шкендија и Академија Пандев-Струга ТЉ.