ПМФЛ: Шкупи извлече бод против Шкендија, нов пораз на Пелистер

Денешното вонредно коло од Првата македонска фудбалска лига беше обележано со дерби натпреварот одигран во скопски Чаир помеѓу Шкупи и Шкендија.

На крајот од дуелот позадоволни се домаќините затоа што стигнаа до реми (1:1), со спектакуларен гол на Фреди Алварез во самиот финиш од средбата. Претходно Шкендија дојде до водство со голот на Гури во 71 минута од натпреварот.

Денешното коло понуди неколку изненадувачки резултати, а од нив треба да се издвои победата на Македонија ЃП над Академија Пандев со убедливи 4:1.

Работнички славеше против Брегалница со 2:1, Борец ја продолжи црната серија на Пелистер совладувајќи го во Битола со 3:1,.

На победа се радуваше и Скопје кој ја надигра Струга. Ренова и Тиквеш ги поделија бодовите играјќи 1:1.