Македонскиот фудбалски шампион Шкупи беше апсолутен фаворит против Скопје, но гостите со голот на Абази во 21 минута излегоа како победник во скопскиот дуел.
Струга ТЛ за осум минути постигна три гола против Академија Пандев и победи со 3?1, двапати погоди Ибраими и еднаш Мухарем, голот за гостите стрелец беше Ергемлидзе на почетокот од вториот дел.
На второто место се проби тетовска Шкендија која со голови на Реџепи и Шаља беше подобра од Победа со 2:0. Немаше голови на мечот меѓу Брегалница и Тиквеш. Во саботата Македонија Ѓорче Петров со 2:1 го совлада Работнички. Оваа коло Силекс беше слободен.
ТАБЕЛА: Струга ТЛ 49, Шкендија 44, Шкупи 42, Силекс 38, Брегалница 33, Македонија ЃП 32, Тиквеш 29, Работнички 24, А. Пандев 20, Скопје 17, Победа 13