![vardar shampion](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/vardar-shampion.jpg?resize=683%2C483&ssl=1)
Фудбалерите на најтрофејниот во историјата и во моментов најквалитетен клуб во земјата, скопски Вардар во неделата во 32-то првенствено коло по високата победа над екипата на Македонија Ѓорче Петров на четири кола пред крајот на шампионатот имаат предност од недостижни 13 бодови од и оваа година второпласираната тетовска Шкендија.
Вардар на своето игралиште ја декласираше Македонија Ѓ.П. со 6:0. Блажевски беше двоен стрелец во 5 минута од белата точка во 53 од игра, а мрежата на ппоследниот тим на табелата ја затресоа уште Бобан Николов во 16, Дамир Којашевиќ во 32, Тигран Барсегјан во 64 и Џонатан Балотели во 71 минута.
Очекувани три бода на домашен терен запиша Шкендија, кои со 3:0 ја поразија Брегалница, што сепак нема вредност во трката за титулата, имајќи го предвид на исходот од мечот на „Телеком арена“ во Скопје. Бесарт Ибраими во 19 минута, Бсарт Абдурахими во 58 и Марјан Радески во 72 минута погодија за тетовците.
Работнички доби уште една важна битка за пласман во европските натпреварувања, откако во Кратово го совлада Силекс со 2:0 и останаа на четири бодови пред Пелистер во борбата за третата позиција. Филип Ивановски во 45 минута и Иван Вуковиќ во третата минута од судиското продолжение погодија за тимот од Градски парк.
Битолчани, пак, со 3:о славеа во натпреварот со Ренова, со головите на Фернандо Силва во 42 минута го начна противникот, а продолжија Баже Илијоски со головите во 45 и во 80 минута.
Победа направи пресврт за значајни три бода на гостувањето на скопски Чаир и со 2:1 беше подобра во дуелот со Шкупи. М’бела обезбеди водство за домашните во 5 минута, Гешоски во 40 израмни на 1:1, а Цветаноски во 58 минута го направи пресвртот во полза на прилепчани кои остануваат во игра за избегнување на плеј-аут разигрување и обезбедување на директен опстанок во прволигашката конкуренција.
Прва лига, 32 коло
Вардар – Македонија Ѓ.П. 6:0
Шкендија – Брегалница 3:0
Силекс – Работнички 0:2
Пелистер – Ренова 3:0
Шкупи – Победа 1:2
Табела: Вардар 75, Шкендија 62, Работнички 52, Пелистер 48, Ренова 45, Силекс 42, Шкупи 33, Победа 32, Брегалница 21, Македонија Ѓ.П. 19.
Идно коло (14 мај): Работнички – Вардар, Македонија Ѓ.П. – Шкендија, Пелистер – Шкупи, Ренова – Силекс, Брегалница – Победа.