Некогаш одамна волците убиле речиси 40 луѓе во Париз, а сега повторно се вратија.
Првпат по речиси два века, волци се видени како талкаат по руралните деови околу Париз, потоно видени се на 70 километри од француската престолнина.
Добрата вест е дека не ловат луѓе, туку нивен вообичаен плен се овците и дивите свињи.
Уште во 1450. година чопор волци се појавиле во Париз и убиле граѓани, меѓу кои имало и жени и деца. Локалните власти тогаш подготвиле стапица за волците и на смрт ги каменувале.
Денес волците не се сметаат за опасни животни, а на самото подрачје на Париз се сметаат за изумрени уште од средината на 19.век.