По одвлекувањето на камионитњ и апсењата на демонстрантите, полицијата во неделата речиси целосно ја презема контролата во центарот на канадската престолнина Отава којашто 24 дена беше парализира поради протестите на возачите на камиони и други граѓани незадоволни од здравствените политики на канадската влада.
Властите во Отава известија дека уапсиле 190 демонстранти и одвлекле речиси 80 возила кои со седмици трубеа во центарот на градот со нивните сирени. Од крајот на јануари стотици возачи на камиони кампираат пред зградата на канадскиот парламент, негодувајќи против одлуката за задолжително вакцинирање против Covid-19 доколку сакаат да ја минат канадско-американската граница.
Прскајќи ги демонстрантите со лут спреј и уривајќи ги нивните импровизирани засолништа, полицијата од почетокот на викендот го заостри односот оценувајќи дека е време демонстрантите да си заминат. Откако растераа поголем дел од нив, околку зградата на парламентот полицијата постави заштитна ограда. Властите во неделата, сепак, предупредуја дека полициската акција „продолжува“.
„Ветивме оваа седмица дека ќе ги ослободимте нашите улици и ќе ги вратиме на жителите. Со секој час сме сѐ поблиску до таа цела“, изјави Стив Бел, полициски началник на Отава.
Во неделата по локално време само малкумина демонстранти уште биле присутни на улиците во центарот на градот. Одбивајќи да признаат дека нивниот протест е разбине, многумина меѓу нив за медиумите изјавуваа дека и натаму ќе се борат за целосно укинување на рестриктивните мерки во Канада, коишто се меѓу најстрогите во светот а некои од нив деновиве беа и ублажени.