Со усвојувањето на Предлог Законот за стечајци, што синоќа помина на владина седница, вкупно 12.000 стечајни работници ќе добиваат по 8.200 денари до нивното пензионирање.
„Досега со овој Закон се обесштетени 11.000 стечајни работници кои добиваат месечен надоместок од околу 8.200 денари, до нивно пензионирање. Со новите измени, вкупниот број на опфатени стечајни работници со оваа мерка ќе биде 12.000“, информираше пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска.