Атлетико Мадрид по 95 години повторно пазареше од Англија и своите редови ги засили со одличниот десен бек, Киран Трипие.
На големо изненадување на повеќето фудбалски фанови, англискиот репрезентативец се реши да ги напушти редовите на Тотенхем за сума од 30 милиони евра. Тој вчера стави потпис на договорот со шпанскиот вицешампион и веднаш му се стави на располагање на Диего Симеоне.
„Секогаш сакав да играм во странство, а Мадрид е остварување на желбата. Атлетико има одличен тим и неверојатен тренер. Овој тим играше важни финалиња, склопот на играчи и тренер е фасцинантен. Едвај чекам да научам нешто од Чоло, рече Англичанецот.
Претходно, „јорганџиите“ потпишаа со Жоао Феликс, Љоренте, Шапоњиќ, Херера, Фелипе…