![zaev se krie](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/zaev-se-krie.jpg?resize=684%2C625&ssl=1)
Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „24 Анализа“ истакна дека по аферата „Рекет“, премиерот Зоран Заев нема остварено ниту една средба со лидери на држави од Западна Европа.
-Еве оваа теза беше пласирана повеќе од еден месец и не е демантирано од СДСМ. Колку средби на официјално ниво имал премиерот Заев со лидери на држави од западна Европа во последните две години откога е излезена аферата „Рекет“? Нека каже бидејќи нели Заев и СДСМ имаат многу голем број на пријатели со колку претседатели на држави и премиери се има сретнато. Еве јас ќе ви одговорам тоа се нула. Со колку се има сретнато претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како претседател на опозицијата, со четворица оваа година. Ајде нека се сретне Заев со четворица во наредните шест месеци, рече Андоновски.
Понатаму Андоновски зборуваше и за неспобноста на министерот за здравство, Венко Филипче каде истакна дека потребно е Филипче да си ја сработи својата домашна работа односно да набави доволен број на вакцини за граѓаните.
Наместо да ангажира министерот Филипче по три маркетинг агенции да му тераат пи-ар може да си ја сработи домашната работа. Вие не треба да се мерите со ВМРО-ДПМНЕ колку вакцини сте донеле, вие сте нула, ние сме нула затоа што ние сме опозиција. Но нула е Република Македонија која за жал вие ја водите и не сте донеле ниту една вакцина, додаде Андоновски во своето гостување.