По апсењето на Илир Мета, средба на Ненси Ван Хорн и министерот Хоџа

Вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Државu во Тирана, Ненси Ван Хорн, само ден по апсењето на Илир Мета, денеска имала средба со министерот за внатрешни работи, Ервин Хоџа.

-Средбата не траеше повеќе од 20 минути. Причината за оваа посета сè уште не е позната, но ваквата средба се случува ден по апсењето на поранешниот претседател, моментално прв човек на Партијата на слободата, Илир Мета по налог на СПАК. Пред неговото апсење Ван Хорн се сретна со главниот специјален обвинител на СПАК, Алтин Думани, со кого средбата траеше околу еден час, наведува Report Tv.

Преку соопштение во апликацијата X, американската амбасада соопшти дека Ван Хорн ги „пофалила достигнувањата на СПАК во успешното гонење на корупцијата и организираниот криминал на највисоките нивоа“.

Мета, кој моментно е во затвроски притвор, според важечките законски одредби, во рок од 72 часа, треба да излезе пред судот за определување безбедносна мерка. За делата за кои се товари може да добие затворска казна во траење од 15 години и заплена на имот.

Поранешниот претседател на Албанија, премиер и претседател на Собрание, Илир Мета, е во затвор откако специјални единици го приведоа на влезот на Тирана, додека се движел кон местото каде требало да одржи прес конференција.

Извлечен од автомобил и уапсен на автопат, Мета веднаш бил транпортиран во специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција кое го бара за неколку кривични дела.

Мета, кој е еден од највлијателните политичари во албанија, заврши зад решетки поради сомнеж дека е вмешан во серија корупциски афери додека извршувал некои од најважните функции во државата.

https://publish.twitter.com/?url=https://twitter.com/kos_data/status/1848348779843313752#

Од затворот каде што е сместен, лидерот на Партијата на слободата, негираше поврзаност со кривичните дела за кои го теретат и ја обвини владата на Еди Рама дека намерно сака да го замолчи.

„Од денес нашата борба започнува нова страница во соочувањето со брутално инсталираната нарко-држава без никаков компромис. Се чувствувам горд што бев насилно киднапиран од антиалбанци и оние кои говорат албански само поради мојот патриотизам и заштита на националните интереси.“ – рече Мета.

Еди Рама пак смета дека албанската политика се наоѓа во деликатен период предупредувајќи дека еден дел е веќе е уништен а тие кои се вмешани во корупција сега молчат и се обидуваат да ги скријат трагите.

„Чистите раце прават едно, валканите раце друго, отворените едно, скриените друго. Значи, потребна е многу сила, многу внатрешна моќ да не се откажеме, бидејќи политиката во Албанија денес е во момент на деградација, како што е истовремено и момент на преобликување.“, изјави претседателот Рама.

Албанската опозиција бурно реагираше, тврдејќи дека апсењето е политички мотивирано, и дека не би било изненадување ако Мета биде ликвидиран…

„Сè во овој случај е политички мотивирано и по наредба на Еди Рама, кој на сите начини се обидува да го елиминира Мета политички, а ако е можно и физички.“ – Сали Бериша поранешен претседател и премиер на Албанија.

По острите реакции на опозициските парии и дел од јавноста дека се прекршени голем број на процедури при апсењето на поранешниот претседател, од албанската полиција велат дека Мета бил замолен да излезе од автомобилот, но тој арогантно и со навреди одбил да го стори тоа. Од албанското МВР велат дека врз основа на процедурата Мета бил изваден од возилото и присилно приведен поради противење на спроведувањето на судската одлука.