Пејачката Северина денеска е уапсена поради немил настан што се случил во нејзиниот семеен дом, а сега тоа го коментира и нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ.
Имено, Северина била пријавена од нејзината сестра Маријана, која изјавила дека поради здобиените повреди, откако пејачката ја нападнала, таа завршила во болница.
-Не сакам да коментирам претпоставки и неточни изјави, но сакам да го свртам вниманието на фактот дека ваквото згорзувачки однесување на Северина е токму причината поради која толку многу се борам нашето дете да живее со мене и моето семејство во мирно и безбедна средина, изјави Милан за Јутарњи лист.