По нападот во Ашафенбург, водечките политичари на Христијанско-демократската унија CDU/CSU во четврток повикуваат на прекин на актуелната миграциска политика и практично затворање на границите за бегалците и мигрантите.
„Водата ја прелеа чашата. Соочени сме со остатоци од погрешна политика за имиграција и азил која трае десет години“, рече кандидатот за канцелар на Христијанско-демократската унија (CDU/CSU), Фридрих Мерц, ден по нападот во Ашафенбург во кој две биле убиени луѓе, од кои едно дете, а за што е осомничен Авганистанец барател на азил и психијатриски пациент.
Мерц најави дека доколку стане канцелар, „од првиот ден“ ќе воведе контроли на сите граници и ќе спречи секој обид за илегален влез во земјата.
„Ова важи и за оние кои сакаат да бараат заштита во Германија“, рече Марц. Тој тврди дека правилата за азил на Европската унија „очигледно не функционираат“. „Затоа Германија мора да го искористи своето право да ги штити националните интереси“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија Мерц на вонредна прес-конференција.
Заслитени протерувања
Мерц, кој според сегашните анкети се смета за фаворит за идниот германски канцелар, најави и зголемување на капацитетот на центрите за притвор за депортација.
„Протерувањата мора да се вршат секојдневно“, рече Мерц. Тоа според него ги вклучува протерувањата во земјите на Европската унија каде барателите на азил стапнале на територијата на Унијата.
Дваесет иосумгодишниот Авганистанец кој во средата нападна група деца во парк во Ашафенбург, убивајќи двегодишно дете и случаен минувач кој му пришол на помош, немал право да престојува во Германија.
Според зборовите на баварскиот министер за внатрешни работи, осомничениот влегол во ЕУ преку Бугарија, но неговата депортација во оваа земја пропаднала затоа што миграциските власти во Баварија не ги почитувале роковите дефинирани во случајот на депортација.
Политика на штета на сопствените граѓани
Претседателот на баварската Христијанско-социјалната унија (CSU), Маркус Зедер, најави и драстични промени во политиката кон бегалците и барателите на азил.
„Германија повеќе не може да се справува со миграцијата, а не само финансиски…не можеме да водиме миграциска политика на штета на нашите граѓани“, рече Зедер.
Најави и дека доколку победи на изборите, ќе го воведе принципот на забрана за влез во Германија за сите лица без валидни патни исправи, вклучително и оние кои сакаат да побараат азил во Германија.
Вајдел ја повикува ЕУ да ја прекине својата политика на блокада кон AfD
Мерц најави дека услов за влез во коалиција со CDU/CSU ќе биде да се согласи со барањата на демохристијаните во однос на миграциската политика.
Алис Вајдел, претседателката на десничарската евроскептична противдоселеничка Алтернатива за Германија (AfD), ги повика челниците на ЕУ да се откажа од политиката сатанизирање, прогонување и одбивање да соработуваат со AfD.
Во анкетите еден месец пред предвремените парламентарни избори, AfD заостанува на 20 отсто зад CDU/CSU, која во моментов ја поддржуваат околу 30 отсто од граѓаните. Челниците на демохристијаните засега упорно ја отфрлаат можноста за соработка со суверенистите на Вајдел.