Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала го потресе грчкиот остров Крит.
Според Европскиот сеизмолошки центар епицентарот на потресот е на 82 километри југозападно од Ираклио и 42 километри јужно од Тимпаки.
Земјотресот е регистиран денеска во три часот по локално време, на длабочина од два километри. Инаку, вчера силен земјотрес со јачин од 5,7 степени ја стресе Атина.