По Авдиевка руските сили напредуваат на западот, соопшти Москва

Руските сили напредуваат понатаму во западен правец, откако по тешки повеќемесечни борби го заземаа утврдениот град Авдиевка на работ од отцепениот југоисточен украински регион Доњецк, објави во петокот руското Министерство за одбрана.

Во соопштението на министерството се истакнува дека руските сили изминатава седмица уништиле западно оружје предадено на Украина, вклучително седум британски крстосувачки проектили „Storm Shadow“, американски противвоздушни наведувани проиектили „Patriot“ и лансирни возила, како и 42 ракети со долг дострeл HIMARS.

По заземањето на Авдиевка, единиците од Централната групација руски сили кои дејствуваат во Украина „продолжуваат да напредуваат во западен правец“, тврди руското Министерство за одбрана.

„Во координација со воената авијација и артилеријата, поразија жива сила, вооружување на украинските воени сили во шест блиски места“, се додава во објавата.

Истовремено, челник на проруските власти објави дека руските сили уништиле погони во кој се склопувале украинските беспилотни летала во Дњепропетровск (Дњипро – на украински), во централна Украина, кој беше значаен центар на ракетната и вселенска индустрија во советската ера.

„Жителите на Дњепропетровск јавуваа за неколку прелети. На снимките се гледаат последици од ударот врз складиште за нафта, во приватниот металуршки комбинат…“, изјавил за руските медиуми координатор на проруските власти во областа, Сергеј Лебедев според кого на оваа локација имало големи резервоари со горива и машински масла за украинската тешка воена опрема.

Лебедев рекол и дека испратил до медиумите снимки на кои се гледал висок столб од црн чад по погодокот во складиштето за нафта.

„Тие (украинската страна) известуваат за удар врз Јужниот машински завод, односно во погоните каде што се произведувале нови беспилотни летала“, тврди соговорникот на агенцијата РИА.

Според отворени извори, станува збор за погони од стратешката индустрија кое произведува ракетно-вселенска технологија, каде од 2014 година се прават лансирните ракетни системи „Зенит“.

„Руските војници погодиле и неколку магацини на улицата Каруна, кои биле во функција на украинските вооружени сили. Во исто време, еден од проектилите на украинскиот систем за противвоздушна одбрана, во потера по (руско) беспилотно летало ‘Геран’, погодил повеќекатница, како што информираат жителите на соседните куќи. Како резултат на тоа, блокот бил блокира, а службениците на СБУ (украинското разузнавање) земале потписи од граѓаните да не откриваат што виделе“, додал Лебедев.