Британскиот премиер Риши Сунак пристигна во Израел.
Скај њуз објави дека шефот на Даунинг стрит број 10 се очекува да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и претседателот Исак Херцог.
Бет Ригби, уредничка на политичката редакција на британската телевизија, објави дека владините претставници во Лондон предупредија дека не треба да се очекуваат чуда од посетата на Сунак.
Премиерот на Велика Британија го посети Израел еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден го посети Израел.
Шефот на Белата куќа веднаш по пристигнувањето во Израел се обрати на заедничка прес-конференција со Нетанјаху и го обвини „другиот тим“ за нападот врз палестинската болница во градот Газа, што се случи во вторникот вечерта.
Сунак во регионот ќе остане два дена.
British PM Rishi Sunak arrives in Tel Aviv, Israel, according to Reuters.
(Photo source: Reuters) pic.twitter.com/V2plUYLe2p
— ANI (@ANI) October 19, 2023