Во единствениот понеделнички натпревар од англиското фудбалско првенство, Њукасл Јунајтед и Манчестер Јунајтед ги поделија бодовите 1:1.
Домашните поведоа веќе во 7 минута со погодокот на Алан Сен-Максимен, а гостите израмнуја преку Единсон Кавани во 71 минута. „Црвените ѓаволи“ имаа поголем посед на топката, но и двата тима имаа ист број шутови кон противничкиот гол по 13, но домашните имаа двојно повеќ во рамките на голот 8 наспроти 4.
Манчестер Јунајтед остана на седмата позиција со 28 бодови, колку што има и шестиот Вест Хем, а бод помалку од петтопласираниот Тотенхем кои му се најблиските конкуренти.
Њукасл Јунајтед остана претпоследен 19-ти со 1 1 бодови, два помалку од местото кое обезбедува опстанок во Премиер лигата.