По „Брегзит“, вредноста на фунтата вртоглaво опаѓа

Кога стана извесно дека Обединетото Кралство по референдумот може да излезе од ЕУ, на светските берзи стана паника, особено на девините пазари.

Веднаш по затворањето на гласачките места фунтата и по анкетите кои им даваа блага предност на противниците на Брегзит, фунтата зајакна во однос на американскиот долар, на 1,5 долари, но кога почнаа да доаѓаат првите конкретни резултати во корист на Брегзитот, се почна драстично да се менува. Следеше слободен пад на британската валута, а како што одминувапе ноќта и Брегизт стануваше се пореален, така во еден момент фунтата во однос на доларот падна на невидено ниво уште од 1985 г. Тоа е пад од повеќе од 10 отсто, на дури 1,33 долари.

Падот на фунтата е најголем еднодневен пад постигнат на берзите  и се очекува главниот индекс на Лондонската берза ФТСЕ остро да падне на почетокот на тргувањето во 9 часот по наше време, а минусот на отворањето би можел да биде околу 7%, според индикациите.

Истовремено, еврото во однос на американскиот долар падна за 3,3%, што е историски најголем пад во еден ден.

Банката на Англија соопшт дека ќе стори се за да ја зачува монетарната и финансиска стабилност.