
Во тензична атмосфера и многу расправа која на моменти преминуваше и во отворена вербална кавга, денеска Горан Мисовски, пратеник и досегашен партиски потпретседател, е избран за нов лидер на Новата социјалдемократска партија.
На денешниот петти конгрес на партијата присуствуваше и досегашниот прв човек на НСДП, Тито Петковски кој рече дека е недозволиво да се има само еден кандидат во изборот за претседател на партијата.
Кандидатура најави Кристијан Трајковски, кој, рече дека имало „киднапирање на сите работни тела и органите на Конгресот“, по што тој реши да ја повлече кандидатурата.
Од присутни 426 делегати правото на глас го остварија 314 делегати, а од нив 308 гласаа за Горан Мисовски, тројца беа против, а избројани се три неважечки ливчиња.