Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка во МВР донесени се 17 решенија против 17 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 7 и 8 и член 207 став 1 точки 1, 2, 3, 4, 8, 10 и 15 од Колективниот договор на МВР.
Притоа, на дванаесет вработени им е изречена мерка “парична казна“ на тројца вработени мерка – “запирање на постапката“, на еден вработен му е изречена мерка – “писмено предупредување“, и на еден вработен мерка – “условно откажување на договорот за вработување“.