Сер Риџард Бренсон, односно неговата компанија „Вирџин Галактик“, започнуваат со комерцијални вселенски патувања пред крајот на овој месец, кога и бил очекуван првиот лет.
Компанијата планирала летот наречен „Галактик 01“ да го реализира од 27 до 30 јуни годинава. Акциите на „Вирџин Галактик“ се зголемиле за повеќе од 40% по објавувањето.
Во мај, „Вирџин Орбит“, приватната вселенска компанија во сопственост на британскиот милијардер, била затворена, неколку месеци по неуспешната мисија. Таа требало да биде вклучена во лансирањето на сателити во Вселената со помош на ракета и авион „Comic Girl“.
„Вирџин Галактик“ објавиле дека првиот лет всушност ќе биде научно-истражувачка мисија, со тројца членови на екипажот од италијанското воздухопловство и Националниот истражувачки совет на Италија, кои ќе спроведат истражување за микрогравитација, пишувале „Би-би-си“.
Компанијата соопштила дека нејзиниот втор комерцијален вселенски лет ќе следи на почетокот на август и после тоа очекувале да спроведува месечни вселенски летови оттогаш. Тоа ќе биде клучна пресвртница за компанијата „Вирџин Галактик“ – основана пред 19 години, која воедно морала да надмине серија несреќи и технички предизвици.
Минатиот месец, ракетниот авион на „Вирџин Галактик“, наречен „Unity, се вратил во акција по речиси двегодишна пауза. Возилото, со 2 пилоти и 4 патници кои полетале од пустината во Ново Мексико до работ на Вселената, а потоа се спуштиле.
Тоа било последниот пробен лет за авионот пред да стартува долгоочекуваната комерцијална услуга. „Вирџин Галактик“ продале повеќе од 800 билети за летовите 80 километри над Земјата, а секој од нив поединечно чинел 450.000 долари и нудел можност за поглед од Вселената, како и да се доживее искуство на бестежинска состојба во траење од неколку минути.