По два месеца таткото ги пријавил двете исчезнати ќерки

На две девојки веќе два месеца им нема трага, а нивниот татко дури вчера ги пријавил во полиција во Тетово.

Во Полициска станица Тетово, вчера околу 14,30 часот 61-годишниот Џ.С.од тетовското село Селце, пријавил дека од пред два месеца од дома се оддалечила неговата ќерка 24-годишната Г.Е. (24), којашто со себе ја понела и нејзината 16-годишна сестра.

Полицијата соопшити дека веднаш се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.