
Европскиот ракометен шампион Вардар скапо ги плаќа убедливите порази од Кил (20:31) и Веспрем (30:39) во Лигата на шампиони, откако на најновата листа на европската куќа на ракометот (ЕХФ), „црвено-црните“ не се ниту во топ-10 најдобри екипи сезонава.
Според најновата листа на ЕХФ, на првата позиција се наоѓа екипата на Кил, а потоа следуваат Барселона, ПСЖ, Аалборг, Монпелје, Пик Сегед, Веспрем, Бидасоа, Порто и Динамо Букурешт.
Вардар во групата Б на елитното натпреварување во моментов се наоѓа на четвртото место со шест бода, односно три зад лидерот Кил, а следниот меч „црвено-црните“ го играат против Мешков Брест во Скопје на трети ноември