По две седмици потрага, исчезнатиот 62-годишниот тетовец пронајден мртов

Полицијата информира дека во неделата е најден мртов 62-годишникот кој беше пријавен како исчезнат на 31-ви декември, а безживотното тело било откриено во водите на реката Пена кај селото Фалише.

„Денеска околу 11.30-11.40 часот, во водите на река Пена, во атарот на тетовско Фалише, пронајдено е телото на И.Л.(62) од Тетово, за кого на 31.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Неколку дена потоа по И.Л. интензивно се трагаше со екипи на СВР Тетово, а во потрагата беа вклучени и кучиња-трагачи“, информира СВР Тетово.

Во текот на денот се организира увид во координација со Јавен обвинител и со учество на лекар по судска медицина.