По едно јаболко на ден за здраво срце

Група научници од Оксфорд го споредувале ефектот од лековите за намалување на лошиот холестерол, кои имаат доста непосакувани дејства и редовното конзумирање на јаболко. Експертите ја пресметале стапката на смртност од кардиоваскуларните проблеми кај популацијата постара од 50 години и направиле спореден список за оние кои јадат едно јаболко на ден. Резултатите покажале дека, во просек, речиси подеднакво се намалува стапката на смртност од кардиоваскуларните болести.

Научниците со тоа заклучиле дека едно јаболко на ден претставува победнички избор.

Авторите на студиите ја нагласиле важноста дури и на минималното преминување на здрава исхрана и го поздравуваат дополнителното внесување на овошје, на сите луѓе, без разлика од ризикот од срцеви заболувања.