По фотелји од телешка кожа, МЕПСО ќе троши 84.000 евра за авиобилети

АД МЕПСО распиша оглас за набавка на авио билети – резервација и набавка на услуги за воздушен транспорт на луѓе за временски период од 2 години. Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 5.166.000 денари или 84.000 евра.

Инаку, пред 20-тина дена МЕПСО склучи договор вреден 212 илјади евра, со „Леснина ми“, фирма од која ќе купат кујни, канцелариски мебел и гарнитури. Во договорот за јавна набавка, највпечатливи се 39-те парчиња клуб фотелји, за кои е потенцирано дека мора да бидат тапацирани со природна телешка кожа. За нив компанијата ќе плати речиси 14 илјади евра.