По фризерница има и обука за хрватско магаре, 54.000 евра исплатени за обука во Кипар

Адвокатот Александар Тортевски на социјалните мрежи сподели уште еден „бисер“ од низата едукативни проекти со пари на ЕУ исплатени на една скопска „фризерница’ преку Националната агенција за европски и образовни програми.

По скандалот со 270 илјади евра и претходната објава на Тортевски дека за „обука на хрватско магаре“ биле исплатени 83.000 евра европски пари.

Сега адвокатот сподели детали и за обука за гостопримство на Кипар за само 54.000 евра.