Францускиот претседател Емануел Макрон се соочи со првиот изборен неуспех во неделата кога неговата партија LERM на изборите во францускиот Сенат освои помалку места отколку што се очекуваше, што уследи по константниот пад на неговата популарноста откако пролетва победи на изборите.
Се очекуваше дека LREM и сојузниците е добијат доволно места за да му овозможат тричетвртинско мнозинство во двата дома на францускиот парламент, кои му се неопходни на претседателот Емануел Макрон за спроведување на уставните реформи, вклучително и за плановите за реформирање на парламентот.
За разлија од Националното собрание, коешто ги избираат сите Французи на општи избори, сенаторите ги избираат локалните советници ширум Франција, кои и самите беа избрани пред Макрон минатата година да ја формира партијата специјално за претседателските избори.
Гласањето за 171 мандат од вкупно 348 места во Сенатот го зацврсти веќе постојното сенатско мнозинство на конзервативците. Меѓутоа, Социјалистичката партија којашто од владејачка доживеа тежок пораз на изборите во јуни и е пред распад, мина добро на гласањето, покажуваат прелиминарните резултати во Сенатот.
Резултатите бездруго ќе ги отежнат плановите на Макрон за уставни реформи и доаѓаат во моментот кога неговата популарноста опаѓа, само четири месеци откако беше избран за претседател. Според анкетите, поддршката му опаднала, и тоа поради реформите на трудовото законодавство и планираните буџетски кастења, вклучително и намалување на субвенциите за студентите.
Партијата LREM, којашто се надеваше на 40 до 50 сенатори, заврши обезбедувајќи 23 сенатори и ќе мора да смета на привремено сојузи со пратениците од другите партии.
Сенатското конзервативно мнозинство сега е составено од околу 150 членови на партијата Републиканци, создавајќи противтежа на Макрон, иако Националното собрание каде што Макрон има јасно мнозинство, има далеку поголеми овластувања.
„Гласачите јасно покажуваат дека сакаат парламентарни противтежа, што според моето мислење е важно за рамнотежата на демократијата“, изјави во обраќањето пред јавноста Жерар Ларшер, претседател на францускиот Сенат.