Никола Мицевски, досегашниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва во „Само Вистина“ во Канал 5 телевизија, истакна дека денеска го добил Решението од Уставниот суд со кое судот ја запрел исплатата на платите за СЈО, која што уредба на владата е дел од повеќето незаконски уредби кои се носат во вонредната состојба.
-Денеска и го добив писмото од Уставниот суд на Република Македонија, односно Решение за оценување на уставноста за Уредбата со законска сила за исплатата на платите на Јавнообинителските служби , односно за СЈО, вели Мицевски.
Тој објасни дека она што како пратеничка група го поднеле, Уставниот суд со Решение ги запрел поединечните акти и дејствија на владата и институциите во однос на исплатата на платите или Уредбата којашто, како што вели СДСМ сакаше да ја протне во овој период на вонредна состојба, кога по ниеден основ или параметар платите или преземањето на вработените беа вршени.
Мицевски посочи дека вакви уредби се поголем дел од уредбите со законска сила коишто СДСМ ги донесува во време кога во вонредната состојба треба да се има акцент на спречување на пандемијата и намалувањето на ефектите од кризата.
Мицевски исто така нагласи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донира дел од своите лични приходи, и порача дека сите пратеници треба да се општествено одговорни во овој период на криза.