По израелскиот напад во Бејрут, Блинкен порача дека САД ќе сторат сѐ што е потребно доколку бидат нападнати нивните интереси на Блискиот исток

Соединетите држави ќе ги преземат сите неопходни мерки доколку бидат нападнати американските интереси на Блискиот исток, изјави во петокот шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен.

„САД ќе ги преземат сите неопходни мерки за заштита на американскиот персонал и американските интереси во регионот“, рече Блинкен на прес-конференција.

Блинкен во петокот рече дека одлуките кои страните на Блискиот исток ќе ги донесат во наредните денови ќе го одредат патот по кој ќе оди регионот и ќе имаат големи последици во наредните години.

На прес-конференција на маргините на Генералното собрание на ОН, Блинкен рече дека Вашингтон јасно ставил до знаење дека верува оти патот за напредок е преку дипломатија, а не преку конфликт.

Напад на Бејрут

Иранската амбасада во Либан во петокот на платформата X објави дека израелскиот напад врз Бејрут е опасна ескалација што ја менува ситуацијата и „ќе му донесе соодветна казна на сторителот“.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани, рече дека нападот е „воено злосторство“ за кое треба да одговараат и Израел и САД, објавија државните медиуми.

„Тој варварски напад, кој беше изведен со бомби дадени на одметнатиот ционистички режим од американскиот режим… е очигледно и непобитно воено злосторство. Затоа, американскиот режим е исто така учесник заедно со ционистичкиот режим и мора да биде задржан. одговорен“, рече Канани.

Израелската војска во петокот објави дека наводно го нападнала централниот штаб на либанското шиитско движење Хезболах поддржувано од Иран во јужните предградија на Бејрут.

Либанските медиуми објавија дека шест повеќекатници се сраменети со земјата и дека има многу жртви во повеќекратните напади. Според досегашните сознанија, потврдено е загинувањето на осум лица а уште 80 други се ранети.

Според телевизијата Al-Manar на Хезболах, во ист момент врз областа биле истовремено истрелани 15 проектил, а израелската армија потври дека од авионите „F-35“ истрелала моќни проектили за пробивање бункери. Станува збор за најтешкиот удар врз Бејрут во речиси една година повремените баражни размени на оган меѓу либиската шиитска милиција и израелската војска.

Лидерот на Хезболах Хасан Насрала бил цел на нов израелски напад врз јужните предградија на Бејрут и израелската армија проверува дали е погоден, објави американскиот портал Axios, повикувајќи се на израелски извор. Насрала е жив, потврдил за Ројтерс извор близок до Хезболах, без да даде други информации. Иранската новинска агенција Tasnim, исто така, објави дека тој е безбеден.

Нападот се случи истовремено додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во говорот на Гемералнот собрание на Обединеите нации во Њујорк вети дека ќе продолжи да го напаѓа Хезболах во Либан, уривајќи ги надежите за прекин на огнот што би можел да спречи сеопфатна регионална војна.