По хаваријата со хируршките сали, на повидок нова хаварија на Институтот за радиологија откако оваа здравствена установа денес достави “известување за технички проблем” до сите јавни здравствени установи.
Во ова известување Институт за радиологија наведува дека не е во можност да ги прима пациентите за преглед, освен животно загрозувачките состојби и за таа цел пациентите да ги упатуваат во другите ЈЗУ во градот.
Прашуваме
1.За каков технички проблем станува збор?
2.Зошто нема информација за јавност што се случува на оваа врвна терциерна здравствена установа која во најголем дел го носи теретот за дијагностика која е клучна за натамошен третман?
3.Можело ли да биде спречен овој “технички проблем” и како се одржува системот во оваа установа?
Одродената влада во заминување е рекордер по паѓање на системи, таков беше случајот со паднатиот систем во ФЗОМ кога под знак прашање беа доведени со закон загарантираните права кои произлегуваат од Законот за здравствена заштита и Закон за здравствено осигурување, како и хаваријата со хируршките сали кога за првпат се случува во историјата на македонското здравство заради основно неодржување и негрижа за инфраструктурата на постојнте клиники во рамки на кампусот клиники Мајка Тереза.