Во студентските домови нема вода. Со почетокот на академската година, студентите од другите градови се вратија во Скопје. Но, во студентските домови сега немаат ни она што е најосновно, ама неопходно- вoдата.
Студентите во моментов не можат да се напијат вода во домот “Кузман Јосифовски – Питу“, но не можат ниту да водат сметка за хигиената или да се готви нивното јадење. Нервозата кај нив оправдано расте затоа што ова е само едно во низата кратења кои паднаа на нивни грб откако СДСМ и Заев дојдоа на власт, пишува во петокот порталот Курир.мк
Јавноста е згрозена од одлуката на Владата на СДСМ да ги храни своите министри со бадеми и морски плодови, а да го скратува оброкот во студентките домови на студентите.
Наместо подобар живот, студентите добија оброк помалку во домовите. Се уште студентите не добија ништо од најавите на СДСМ и Зоран Заев за подобар студентски стандард во периодот пред декемвриските избори ги зголемуваат маките на македонските студенти.
Најновата одлука на раководните структури од партијата на Зоран Заев предвиде укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домови “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ и “Кузман Јосифовски – Питу“. Отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.
Покрај оваа најнова мерка за „живот“, студентите ги паметат и не така одамна укинатите и стопирани мерки наменети за нив, како згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери.