Откако беа објавени лажни вести од некои портали кои предизвикаа паника меѓу граѓаните, следуваше реакција од полицијата, пренесува „Топ чанел“.
Новинарите Аурел Ракиплари од „SYRI.net“ и Даниела Грица од „Shekulli“ биле придружувани од полиција поради ширење на лажни вести.
– Полицијата ги советува граѓаните да останат смирени и да не потпаднат под влијание на известувањето со други намери, а ги убедуваме оти секој кој ќе шири такви информации ќе се соочи со законот – се вели во соопштението.
Околу 600 домови, претежно изградени пред 1990 година, претрпеа штета во земјотресот, кој исто така накратко го прекина снабдувањето со вода и електрична енергија во Тирана, Драч и некои западни и централни делови, соопштија властите. Повредени се 105 луѓе.