По лидерот на СДСМ, почнаа да пристигнуваат жестоки удари и деманти за нивните медиуми

По лидерот на СДСМ, почнаа да пристигнуваат жестоки удари и деманти за нивните медиуми
По лидерот на СДСМ, почнаа да пристигнуваат жестоки удари и деманти за нивните медиуми

Портпаролката на ЕУ Маја Коцијанчиќ потврди дека воопшто ниту имало последен момент, ниту имало некаков револт при одлуката да се упати покана до претседателот Иванов, како што спектакуларно дозна и најави Телма. Коцијанчиќ изјави дека претседателот Јункер ја испратил поканата директно до Ѓорге Иванов, пишува „Курир“.

Вчера СДСМ се обиде преку своите медиуми да протурка друга теза и по кој знае кој пат да ја доведе во заблуда јавноста.  Телма повторно дозна информација која што не ја знаеше ниту претседателот на комисијата Јункер.

-Телма од извори од ЕУ во Скопје дознава дека поканата била подготвена за Груевски, во последен момент претседателот на ЕК Жан Клод Јункер побарал поканата да се смени. Високи дипломатски извори објаснуват дека причина е револтот кај првиот човек на Комисијата затоа што се одложија роковите кои се напишани во договорот од Пржино, објави Телма.

Истиот медиум ексклузивно ги дозна и деталите од куртоазната посета на Заев на Израел.

-Она што неофицијално се дознава е дека истото така израелскиот претседател понудил соработка со Македонија, објави телевизијата.

Набргу потоа пристигнаа и официјалните деманти од Израел околу темите на разговор, па дури и лицата со кои се среќавал Заев.

-На средбата се разговараше за општи прашања, особено околу потребите за подобрување на односите меѓу Израел и Македонија. Министерот нагласува дека на средбата не се разговарало за какви било безбедносни или финансиски прашања“ стои во соопштението по средбата на Зоран Заев со Силван Шалом, пренесено од амбасадорот Дан Орјан.

-Колку што ни е познато Зоран Заев немаше средба со шефот на Мосад, ниту таква средба била планирана. Имаше средба со претседателот Реувлен Ривлин на која присуствуваа и амбасадорите на двете земји и средба со министерот за внатрешни работи Силван Шалом, следуваше и изјава на амбасадорот на Израел во Македонија, Орјан.

На крај останува само длабокиот јаз помеѓу вистината од една страна и медиумите на СДСМ со нивните извори и “дознавањето” како начин на работа од друга.