ВМРО-ДПМНЕ, како што претходно порача Драган Ковачки на прес-конференција, во понеделник ќе обавија документи за наводите дека премиерот Димитар Ковачевски дезертирал од Армијата на Република Македонија во текот на конфликтот во 2001 година прогласувајќи се за трајно неспособен, и оти досега не одговори на повиците на опозицијата да ја образложи таквата постапка.
„Сѐ уште нема одговори на прашањето дали навистина избегал и дали е трајно неспособен, или лажел пред институциите и лекарите? Доколку дезертерот Ковачевски бил трајно неспособен да отслужува војска и да ја брани државата, тогаш како е способен да биде премиер? Има повеќе од 12 часа да и одгововори на македонската на овие прашања, велат од партијата.
„Утре во 11 часот следат документи, а ние, но и целокупната јавност до тогаш очекува одговори од дезертерот Ковачевски“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.