По над 10.000 заразени Австрија воведува задолжително носење маски во продавниците

Во Австрија во средата бројот на заразените со коронавирусот се искачи на 10.482 лица, а во настојувањата да се запрен натамошното ширење на заразата Австријанците од денеска мора да носат заштитни мерки кога одат во продавниците.

Австриското министерство за здравство и социјална грижа објави претпладнето дека во Австрија бројот на заразените се искачил на 10.482 пациенти, додека во вторникот имало 9.974 инфицирани. Од нив оздравеле 1.436 лица, а досега починале 146 луѓе.

Австрија спроведува голем број тестирања, па до средата се изведени повеќе од 55.863 тестирања. Владата планира дневно да тестира на коронвирусот 15.000 лица и да го засили следењето на социјалните контакти за да се подобрат мерките за претпазливост и контрола.

Носењето заштитни медицински маски, коишто од денеска Австрјците ги добиваат беспалтно при влегувањето во продавниците, е една од поважните мерки за запирање на ширењето на епидемијата на коронавирусот, изјави на прес-конференција вицеканцеларот Вернер Кеглер.

Тој ги повика граѓаните на неопоходноста доследно да ги пременуваат пропишаните мерки предупредувајќи ја јавноста дека не смее да го потценува коронавирусот, бидејќи, како што рече, „тоа не е обиечн вирус на грип“.

Австрија е една од европските земји коишто најрано, уште кон средината на март воведе строги мерки за ограничување на движењата и собири, како и одржување просторна оддалеченост меѓу граѓаните. Беа затворени училиштата и факултетите, за да се спречи ширењето на коронавирусот, а од почетокот на оваа седмица ги затвори и хотелите и сите други форми на сместување туристи.

Засега не се знае кога училиштата повторно ќе започнат со работа, а според министерот за обнразование, наука и истражувања, Ханц Фазман, „враќањето во училиштата во април не е реална опција“

Како поседлица од епидемијата од коронавирусот во Австрија се бележи „историски рекорден“ број на невработените. Австриското биро за вработување (AMS) објави дека на крајот од март биле евридентирани 562.522 луѓе без работа, што е за дури 52,5 отсто повеќе во однос на истиот период минатата 2019 година. Од нив, како што е наведува, речиси 200.000 се невработени тукму поради последиците од коронавирусот.