По нападот во Кабул, Бајден свика итен состанок со тимот за национална безбедност

Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска одржа итен состанок со тимот за национална безбедност.

„Претседателот се состана со тимот за национална безбедност, на кој присуствуваше и секретарот Блинкен. Ќе продолжиме со целосното известување на претседателот за развојот на ситуацијата, така што врз основа на тоа ќе се донесе одлука за акција“, соопшти Белата куќа.

Ваквиот итен состанок беше свикан откако во близина на аеродромот во авганистанската престолнина Кабул денеска се случи бомбашки напад во кој беа повредени неколку американски државјани.

Засега, како што објавуваат светските медиуми, регистрирани се најмалку 13 загинати и над 120 повредени.