По насилствата во Лиеж хоспитализирани девет полицајци

(Photo by BRUNO FAHY/BELGA MAG/AFP via Getty Images)

Девет од вкуоно 36 повредени белгиски полицајци се згрижени во текот на викендот во болница на лекување по насилните судири со околу 300 хулигани во центарот на Лиеж, соопшти во неделата локалната полиција.

Вкупно се повредени 36 полицајци, а во саботата се првидени десетина лица., соопшти началникот на полицијата на овој град во источна Белгија, Кристијан Бопер.

Безредијата започнале откако локалните приврзаници на антирасистичкото движење „Црните животи вредат“ (Black Lives Matter) протестирале против „полициската бруталност“, откако полицијата привела жена по потекло од Конго под обвинение за поттикнување на бунт и спротиставување на полициски службеници, на почетокот од седмицата на централниот плоштад Сен-Лабер.

Демонстрантите ги напаѓаа продавниците и локалните за брза храна, а повеќето од дуќаните се ограбени. Демонстрантите го демолирале ресторанот на синџирот за брза храна „McDonald’s“ на плоштадот во центарот на градот, неколку постојки на јавниот сообраќај и повеќе автомобили паркирани во близината.

По кусата пресметка со полицијата на плоштадот, разјарената толпа успеала да ги потисне силите за спроведување на редот а потаа во помали групи се распрснала во центарот на градот продолжувајќи со демолирање на продавниците и возилата. Во безредијата, исто така, биле оштетени и прозорци на централата полициска станица и на градското собрание на Лиеж.

Ситуацијата била ставена под контрола откако по час и половина во центарот на градот како засилување на локалната полиција пристигнале припадници на специјалните единици на федералната полиција. Во задушувањето на немирите полиијата употребила солзавец и водени топови.

Полицијата верува дека собирањето и насилното однесување биле однапред планирани. Имајќи предвид дека некои од учесниците дошле опремени со спортски спортски штитници за рацете и нозете, а некои биле вооружени со разни видови студено оружје.

„Се појавија за само неколку минути и по начинот на кој ги вршеа демолирањата и кражбите, заклучивме дека не станува збор за неорганизиран чин“, изјави Бопер.

Во Белгија во последните години имаше повеќе протести против наводниот полициски расизам. На социјалните мрежи беше објавена снимка на црна жена која двајца полицајци во понеделникот ја држат на земјата во текот на нејзиното приведување поради повикување на бунт, што ги поттикна обвинувањата за расизам .

Жената поднела официјална пријава поради полициска бриталност, а истрагата е во тек, потврдиле во неделата од полицијата. Полицијата во Лиеж ги негираше сите обвинувања за расизам.