По него се трагало, но бил пронајден мртов во Јурумлери

Маж кој бил пријавен за исчезнат вчера околу 14 часот бил пронајден мртов.

Случајот во полицијата го пријавил И.Б. (36) од с.Јурумлери-Скопје кој рекол дека додека извршувал земјоделски работи во неговата нива, забележал тело на маж.

-Од страна на медицинско лице констатирана е смрт без траги на насилство и утврдено е дека станува збор за Р.Ј. (63) од с. Петровец, кој претходно бил пријавен за исчезнат. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција, информираат од полицијата.