По објавената анализа, советничката на Заев преку смс ги навредуваше новинарите на ИРЛ

Посебниот советник на премиерот за организирање на медиумски настани, Елена Митева, преку смс порака ja навреди новинарката на ИРЛ Маја Јовановска за денешниот текст во којшто тема на анализа беа спорните деловни етики на нејзиниот ангажман во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Македонија.

-Срамота. Се извадено од контекст. Ама важно имате приказна која нема никакви аргументи и не држи вода. Ептен сте истражувачки новинари. Секоја чест, гласи пораката на Елена Митева до авторот на текстот Маја Јовановска.

На ваквата смс порака и вратија и од редакцијата на ИРЛ, за тоа повеќе прочитајте ТУКА