Рускиот претседател Владими Путин во вторнико натред повторно да се анализираат прописите кои дозволуваат носење и поседување оружје во Русија, неколку часа по пукањето во гимназија во градот Казан во коешто според прецизираните податоци загинаа седум ученици и наставник, а уште 16 лица се ранети од кои шест ученици се во критична состојба.
„Претседателот нареди итно да се разгледа новата рамка кога станува збор за видот дозволено оружје коешто циркулира меѓу цивилното население, земјајќи го предвид типот кој е користен“ во во пукањето во Казан, изајви портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Истовремено по инцидентот во гимназијата во главниот град на руската мнозински муслиманска република Татарстан, властите на повеќе региони во Русија одржаа итни заседанија на антитерористичките комитети и проверка на безбедноста на образовните институции.
Масовните пукања во училишта во Русија се ретки. Едeн од последните такви инциденти се случи на црноморскиот полуостров Кирм, каде во 2018 година студент на тамошниот универзитет уби 19 лица и себеси.
Иако претходно беше објавено дека најмалку 11 лица се убиени во оружебиот напад во гимназијата во Казан, подоцна властите ја снижија трагичната бројка на жртвите.
„Изгубивме седум деца. Четири момчиња и три девојчиња, А шеснаесет лица, 12 деца и четворица возрасни се во болниците“, соопштија властите на Татарстан.
Многу ученици се снимени како скокаат од прозорците бегајќи од пукотниците. Две деца загинале притоа скокајќи од третиот кат на зградата.
Медиумите претходно пренесоа дека во нападот учествувале две лица од кои едното наводно било ликвидирано од полицијата, но во подоцнежните извештаи се зборува само за еден напаѓач. Според властите, станува збор за 19-годишник идентификуван како Илназ Галкавиев, веројатно поранешен ученик во гимназијата, кој дејствувал сам и е уапсен.
Притоа, се испоставило дека поседувал регистрирано оружје, но изостануваат извештаите дали со истото го извршил масакрот.