Белата куќа затворена по пукањето во близината во саботата, објава безбедносната служба, а агенциите пренесуваат дека станува збор за обид за самоубиство.
Американскиот претседател Доналд Трамп не бил во Вашингтон во тоа време. Тој овој викенд го минува во својата приватна резиденција „Мар-а-Лаго“ на Флорида.
Според објавата на Twitter на Тајната служба, која е задолжена за безбедноста на највисоките американски функционери и членовите на нивните семејства, едно лице се ранило од огнено оружје непосредно крај северната ограда на Белата куќа. Неофицијално станува збор за обид за убиство.
Американските телевизии прикажуваат кадри на кои се гледаат полициски и возила на итната помош на местото на инцидентот.
„Медицинскиот персонал ѝ дава помош на жртвата, еден маж“, прецизираше Тајната служба и додаде дека нема други настрадани.
Инцидентите околу Белата куќа не се ретки, последниот беше регистриран на 23-ти февруари кога еден возач беше приведен откако ја собори безбедносната препрека крај резиденцијата на американските претседатели.