По раскинувањето не треба да тагувате, уживајте во слободата!

Само што сте раскинале со момчето и се чувствувате потиштено. Еве неколку причини зошто по раскинувањето не треба да тагувате, туку напротив да уживате во новостекнатата слобода. Како и да гледате на раскинувањето бидете сигурни дека вие сте во голем плус.

По раскинувањето не треба да тагувате, туку напротив да уживате во новостекнатата слобода
Не треба да тагувате, туку напротив да уживате во новостекнатата слобода

Сите сме преживеале раскинувања што целосно не уништиле и поради кои понекогаш ни биле потребни денови, месеци или можеби и цели години за да се собереме и да продолжиме со животот. Иако е тешко да се опоравите од раскинувањето, тоа можеби може да ни користи многу повеќе отколку што мислиме.

Посветете се самите на себе

Благодарение на раскинувањето го добиваме времето што може да си го посветиме исклучиво себе си и во кое можеме да се посветиме на се што не радува, интересира, оплеменува. Од учење на странски јазици, патувања, придвижување на сопствената кариера до едноставната одлука што навистина сакаме од животот. Ова е идеален период да се преслушате себе си и да поченете да менувате се што ви пречело во изминатиот период. Сакате да одите на некое патување за кое сте сонувале со години? Направете го тоа!

Време за пријатели

Често кога сме заглавени во лоши врски или ако сме имале посесивен партнер ги занемаруваме семејството и пријателите. Ова е фатална грешка што обично многумина ја прават затоа што сакаат да поминуваат колку е можно повеќе време со партнерот. По раскинувањето конечно ќе можете некое време да поминувате со пријателите и повторно да се поврзете со оние што можеби делумно и поради врската незаслужено сте ги запоставиле. Исто така, сега кога конечно сте сингл, ќе видите кој од пријателите сеуште е покрај вас и ќе знаете дека се оние вистинските.

 

Голема слобода

Кога сме во врска без раслика дали сакаме или не тесно сме врзани со партнерот и своето време и потребите ги усогласуваме со него. Ова не е толку добра работа, затоа што играњето по туѓи правила никому не му одговара. Едноставно ги занемарувате сопствените желби и потребите и големата слобода (која секому му е потребна). Сега е прилика да почнете да се забавувате токму онака како што сакате вие и никој друг. Ви гарантираме дека живеењето по сопствени правила ќе ви ја крене самодовербата во онаа мерка во која ниту самите неможете ниту да замислите.

Ќе знаете што барате од идниот партнер

Сте раскинале и веднаш сакате да влезете во нова врска? Немојте да го правите тоа! Искористете го вашиот сингл статус и големата слобода што ја имате за да се преиспитате себе си, но и подобро да ја разгледате претходната врска. Оваа голема промена може да ви користи во животот, а објективното согледување на поранешните врски, партнерот и однесувањето може да ви помогне во изградбата на идната среќна врска, кога точно ќе искристализирате што сакате, а што не од идниот партнер.