Многу двојки ќе се сложат со тоа дека нема ништо поубаво од секс по кавга. И навистина е така, бидејќи количината на емоции и енергија која струела меѓу вас за време на расправата во еден момент се претвора во страст која го обзема вашето тело.
Има и такви кои не би се сложиле со тоа од една едноставна причина што веруваат дека сексот служи како средство за затнување на устата и ставање на проблемите под тепих. Но, има многу причини поради кои треба да имате секс по кавгата.Сексот за помирување може да биде подеднакво страствен како сексот на почетокот на врската.
„За време на сексот за помирување, можете да бидете ранливи. Кога сте интимни, поголема е веројатноста дека ќе доживеете силен оргазам кој го ослободува окситоцинот, хормон кој создава физиолошки механизам за поврзување со партнерот,“ изјави Дијана Киршнер, сексуален терапевт и психолог.
Адреналинот во телото предизвикува иста реакција како и сексуално возбудување. Тенка е линијата меѓу лутењето и сексуалното возбудување. За некои, воздржувањето од агресијата, како и сексуалната фрустрација треба да се исфрли.
Кавгата дејствува како мал натпревар меѓу партнерите. Таа ве доведува во состојба на готовност за некоја физичка активност. Супер е што најпрво се карате, па потоа физички се поврзувате и исфрлате се од себе низ страствен секс.
По сексот ќе заборавите и за што сте се карале.
Додека некои веруваат дека тој е здрав и дека преостанатото лутење може дополнително да го зачини сексуалниот живот, други тврдат дека тоа е дисфункционално однесување.